Реал демантира дека дале понуда за Нејмар

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид ја демантираше веста од понеделникот вечерта дека на француски Пари Сен Жермен му испратил понуда од 310 милиони евра за бразилскиот напаѓач Нејмар.

Шпанската јавна телевизија TVE во доцните вечерни вести објави информација за испраќање на понудата за 26-годишниот напаѓач, кој претходно во понеделникот постигна гол во победата на Бразил над Мексико 2:0.

„Оваа вест е целосно лажна. Реал Мадрид не му испратил никава понуда ниту на ПСЖ, ниту на играчот. Се чудиме како шпанската јавна телевизија можеше да емитува ваква апсолутно лажна информација, без да ги контактира страните во овој случај. Доколку ја конктактирала едната или другата страна, оваа информација би била едноставно демантирана“, наведе Реал Мадрид во соопштението за медиумите.

Нејмар, кој во моментов со бразилската селекција настапува на светското првенство во Русија, со ПСЖ има договор до 2022 година. Медиумите со месеци наназад нагаѓаа за интересот на Реал за него, во контекстот на најавеното раскинување на договорот со Кристијано Роналдо.

„Иако TVE контактираше извори коишто ги смета за максимално веродостојни, жали што предизвика конфузија околу темите. Двете страни ги молиме за извинување“, наведе TVE на својата интернет страница.

„Можниот интерес на Реал Мадрид за овој играч се совпаѓа со слуховите за заминување од клубот на неговите ѕвезди Кристијан Роналдо и Герет Бејл, кои ги потхранија самите овие играчи. Веднаш по финалето од Лигата на шампионите го доведоа во прашање своето натамошно играње за Реал“, додаваат од TVE.

Роналдо и Бејл, имено, кон крајот на мај, веднаш по победата во финалето од Лигата на шампионите над Ливерпул во Киев, за медиумите изјавија дека не знаат дали ќе продолжат да настапуваат за мадридскиот клуб.