Реал до победата со два пенала

Фудбалерите на мадридски Реал благодарејќи на двата погодока од белата точка како гости го совладаа Леванте со 2:1 (1:0) во средбата од 25-то коло на шпанското првенство.

Реал во водство дојде во 44 минута преку пеналот што го реализираше Карим Бензема, но Леванте израмни во 61 минута со голот Рожер Марти, а Герет Бејл во 79 минута го реализираше вториот пенал за „Кралевите“. Овој пенал беше контроверен, бидејќи на снимката се гледа дека Дукура замавнува со ногата во празно, а Каземиро падна како покосен, а судијата Иглезијас покажа на белата точка.

Третиот Реал сега има 48 бодови, два помалку од второпласираниот Атлетико кој претходно во неделата со 2:0 на свој терен го совлада Вилјареал. Головите за „јорганџиите“ беа Мората во 31 и Нигуез во 88 минута.

На врвот е Барселона со 57 бодови. Леванте е 13-ти со 30 бодови, а Вилјареал е во зоната на испаѓањето 18-ти со 23 бодови колку што има и претпоследниот Рајо Ваљекано.

Во неделата Леганес – Валенсија ремизираа 1:1, па домашните ја задржаа 12-та позиција на табелата со 30 бодови, а гостите се деветти со 33 бодови.

Бетис на гости со 2:0 го победи Вајадолид и се привремено е на седмото место со 36 бодови. Вајадолид потона на падна на 16-то место со 26 бодови.

Во понеделнико играат Жирона – Реал Сосиедад.