Реал дома поразен од Алавес

Фудбалерите на Алавес во последниот меч од саботната програма на 11-то коло на шпанското првенство на „Сантијаго Бернабеу“ го изненадија домашниот мадридски Реал нанесувајќи му го веќе третиот пораз во досегашниот дел од сезоната.

Алавес поведе веќе во 5 минута по пеналот кој го направи Начо кој играше со рака во својот казнет простор, а Лукас Перез беше прецизен од белата точка. За Реал ова е дури петти погодок примен од пенал во последните три натпревара во Примера.

Перез, кој е поранешен игреч на Атлетико и на Арсенал, во 25 минута излезе сам пред Тибо Куртоа, но реаловиот голман го прочита неговиот обид да го лобува. Само четири минута по оваа шанса на гостите, Реал задоби уште еден удар, откако поради повреда од игра мораше да излезе штотуку закрепнатиот Еден Азар.

Во 49 минута тимот од Баскија дојде и до вториот погодок, по катастрофалната грешка на Куртоа, кој практично му ја додаде топката на стрелецот Хозелу. Дури во 86 минута Реал успеа да намали, откако Каземиро погоди од гужва и ударот на Винисиус, а во последните моменти од мечот Иско ја затресе пречката.

Реал Мадрид моментално е четврти на табелата со 17 бодови, шест помалку од водечките места, а Алавес сега е деветти со 13 бодови.

Претходно во саботата Атлетико Мадрид среќно дојде до победата на гостувањето кај Валенсија. Единствениот погодок на дуелот беше постигнат во 78 минута кога Антониот Латоре Гуресо (Тони Лато) ја погоди сопствената мрежа. И дотогаш гостите од Мадрид беа подобри со дуеи 13 голови на ударот на противникот, но не создадоа вистинска шанса за погодок, односно повеќето нивни удари од дистанца ги скроти домашниот голман, а и мадридскиот на спротивната имаше две-три сигурни интервенции.

Со овој автогол Атлетико ја продолжи низата од шест победи и моментално се израмни бодовно, со 23 бодови, со водечкиот Реал Сосиедад кој има меч повеќе. Валенсија е 10-та со 12 бодови.

Севилја со голот на Јусеф Ен-Несири во 83 минута оствари гостинска победа кај Уеска. „Жолтата подморница“ со победата со 16 бодови моментално се искачи на петтото место кое води во Лига Европа, а Уеска е претпоследна 19-та со седум бодови.

Елче и Кадиз со резултат 1:1 ги поделија бодовите. Домашните поведоа во 38 минута преку Лукас Боје, но во червртата минута од судиското продолжение на првото полувреме овој играч заработи црвен картон и исклучување. Гостите успеаја да ја реализираат бројната надмоќ во поле со голот на Алваро Хименез во 55 минута, но не успеаја до крајот на направат и целосен резултатски пресврт.

Елче од девет одиграни натпревари собра 13 бодови и моментално е на осмото место на табелата, додека повратникот во Ла Лига, Кадиз од 11 натпревари има 15 бодови и е шести.