Реал дозволи Роналдо да премине во Јунвентус

Мадридски Реал се согласи да му овозможи на петкратниот добитник на Златната топка, напаѓачот на фудбалската селекција на Португалија, Кристијано Роналдо, да премине во редовите на италијанскиот шамион торински Јувентус, објави во вторникот на својата интернет страница шпанскиот клуб.

Се истакнува притоа дека Роналдо самиот му се обратил на раководството на Реал со молба да даде согласност за неговиот трансфер во „Старата дама“.Деталите за трансферот сѐ уште не се објавени.

Роналдо мина во Реал од Манчестер Јунајтед во летото 2009 година, за тогаш рекордни 93,4 милиони евра. Португалецот минатата сезона во составот на мадридските „Кралеви“ одигра 44 мечеви во сите натпреварувања постигнувајќи 44 голови, и помогна во освојувањето на Лигата на шампионите третпат со ред.

Претходно во вторникот влијателниот шпански дневен спортски весник Marca, објави дека трансферот на Роналдо во Јувентус ќе биде објавен откако е договорен меѓу Реал Мадрид. Во текстот на мадридскиот весник кој важи за близок до Реал Мадрид и кој секогаш прв ги информациите поврзани со овој клуб, се вели дека заминувањето од „Сантијаго Бернабеу“ на Кристијано Роналдо е прашање на часови и дека тој би можел уште денеска да биде официјално претставен како нов фудбалер на Јувентус.

Претседателот на Реал, Флорентино Перез, ја почитувал желбата на Роналдо да замине и му дозволил да почне нова авантура во Серија А. Управата на Реал Мадрид се согласила на трансфер вреден 100 милиони евра.

Инаку, претседателот на Јувентус утрото во вторникот отпатува во Грција, каде што Португалецот моментално е на одмор, со цел да го обезбеди потписот на фудбалерот. Ањели претходно побарал дозвола од мадридскиот клуб да оствари средба со фудбалерот, за што и добил дозвола.