Реал го доби Атлетик

Фудбалерите на Реал Мадрид во меч од 19-то коло на шпанското првенство одигран во вторникот вечерта, го 3:1 го победи Атлетик Билбао.

Клучниот момент на мечот, кој се играше на помошниот терен каде Реал ги игра своите домашни натпревари поради реновирањето на „„Сантијаго Бенрабеу“, се случи во 13 минута кога напаѓачот на Баските, Раул Гарсија, го заработи набрзина вториот жолт картон и исклучувањето.

Бројната предност на теренот играчите на Реал ја реализираа во судиското продолжение на првиот дел кога Тони Крос погоди од работ на шеснаесетникот. Меѓутоа, жилавиот Атлетик не се предаваше и со играч помалку, па во 52 минута успеа да израмни преку Андер Капа. Баските одлично се брание сѐ до 74 минута, кога Карим Бензема со глава погоди за 2:1, а во втората минута од судиското продолжениот францускиот напаѓач ги постави конечните 3:1, од контранапад откако Тибо Куртоа правовремено интервенираше пред гостинските напаѓачи да направат изненадување.

Со оваа победа Реал Мадрид бодовно се израмни на врвот со Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид со по 26 бдоови, но има најслаба огл разлика, а и два натпревара повеќе од градскиот ривал. Атлетик Билбао останува на 13-ти место со 14 бодови.

Во среда, исто така, во рамките на 19-то коло однапред својот дуел на „Камп Ноу“ ќе го одиграат и Барселона и Реал Сосиедад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.