Реал го искористи киксот на Барса да го преземе врвот

288
28 June 2020. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Фудбалерите на Реал Мадрид го искористија кискот на Барселона која во саботата на гости одигра 2:2 кај Селта, и со минималнта победа од 1:0 над Еспањол дојдоа до два бода предност на врвот на табелата.

Иако домашниот Еспањол сезонава пружа слаби партии и се чини до крајот ќе се бори за прволигашкиот статус и кој во саботата го смени веќе третиот тренер сезонава, Реал многу потешко од очекувањето дојде до трите бода.

По Давид Гаљего и Паболо Манчин, отказ пред средбата против Реал доби и Алберто Фернандез.

Еспањол против Реал пружи одличен отппор, а прашањето на побдникот го реши голот на Карлос Каземиро во 44 минута, по одличната асистенција со петица од Карим Бензема.

Реал сега има 71 бод, а Барселона го следи со 69 бодови, додека Атлетико Мадрид кој следното коло гостува на „Камп Ноу“ заостанува далеку зад водечката двојка со 58 бодови. Еспањол остана последен 20-ти со 24 бодови, дури десетпомалку од позицијата којашто гарантира сигурен опстанок во Ла Лига.ж

Во претходно одиграниот меч Вилјареал со 2:0 славеше дома против Валенсија, продолжувајќи ја серијата по корона-паузата во која оствари четири победи и едно реми. Стрелци беа Пако Алкасер во 14 и Жерар Морен во 44 минута, а и двајцата погодија со волеј удари. Валенсија, пак, остана осма со 46 бодови и ќе се обиде да избори квалификации за Европската лига.

Сега Вилјареал има 51 бод и е петти на табелата, три бода помалку од четвртопласираната Севилја на местото кое директно води во Лигата на шампионите.

Леванте на Енис Барди оствари домашна победа над Бетис од 4:2, а македонскиот репрезентативец беше стрелец на одличен погодок во 34 минута. Други стрелци за домашните беа Мајорал во 21, Моралес во 50 и Рокина во 59 минута, а са гостите погодија Каналес во 70 и Хуанми во 87 минута.

Леванте е 12-ти со 41 бод, а Бетис го следи сега со четири бодови помалку.

Еибар оствари важна победа на гости кај Гранада со 2:1. Гостите поведоа во 16 минута со голот на Бласис, гостите израмнија во 48 минута преку Солдадо, но Еибар ги обезбеди бодовит во 69 минута со голот на Гарсија.

Еибар сега собра 35 бодови и е 15-ти со солидна бодовна разлика од опасната зона. Гранада е десетта со 43 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.