Реал го освои шпанскиот Суперкуп

Фудбалерите на Реал Мадрид се победници на годинешното издание на шпанскиот Суперкуп, откако во неделата во Ријад со 2:0 го совладаа Атлетик Билбао.

Реал поведе со одличниот погодок на Лука Модриќ во 38 минута. Родриго се проби по десната страна, врајќајќи ја топката до Модриќ кој одлични шутираше од работ на шеснаесетникот и го совлада Унаи Симон. Со тоа со 36 години и 129 дена Хрватот стана најстариот стрелец во шпанскиот Суперкуп.

Реал ја зголеми предноста во 52 минута со голот на Карим Бензема од пенал, окатко Јерај со рака го запре неговиот шут. Судијата Сезар Сото ја проверуваше снимката но сепак покажа на белата точка, а Бензема беше сигурен реализатор. Ова беше неговиот 18-ти погодок во дуелот со Атлетик, кому му дал најмногу голови во шпанските натпреварувања.

Баскијците на две минути до крајот во 87 минута имаа шанса да го намалат водството на мадриѓаните, но Раул Гарсија не успеа да реализира најстрога казна. Неговиот удар одлучно го одбрани Тибо Куртоа. Пеналот го направи Едер Милитао кој одигра намерно со рака во шеснасетникот за што беше исклучен.

За Раел ова е 12-от освоен Суперкуп, но рекордер и натаму е Барселона која има еден тгрофеј повеќе. Атлетик Билбао остана на три трофеи во ова натпреварување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.