Реал го потврди заминувањето на Зидан

Француската фудбалска легенда Зинеин Зидан повеќе не е тренер на Реал Мадрид, објви Кралскиот клуб во четвртокто, пет дена откако градскиот ривал Атлетико Мадрид ја освои титулата првак на Шпанија.

Зидан, кој го водеше Реал до две титули во Шпанија и три триумфа во Лигата на шампионите во две созеној како тренер од 2016 година, го напушти клубот по првата сезона без трофеи по повеќе од десет години.

„Реал Мадрид објавува дека Зинедин Зидан ги прекинува својот ангажман како тренер на нашиот клуб“, се наведува во клупското соопштение.

„Сега е време да ја почитуваме неговата одлука и да го покажаме нашето почитување и благодарност за неговата професионалност, доследност и страст во последните неколку години и за тоа што го претставува за Реал Мадрид. Зидан е еден од најголемите великани на Реал Мадрид и негова легенда го надминува она што го стори како тренер и играч за нашиот клуб. Знае дека секогаш е во срцата на навивачите и дека Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом“, се додава во соопштението.

Штотуку изминатата сезона во Примера, Реал ја заврши на второто место, елиминиран беше во полуфиналната фаза во Лигата на шампионите од Челзи и доживеа понижувачка елиминација во осминафинелето од Купот на кралот од третолигашот Алкојан.

Овие резултати се далеку од првит три сезона на Зидан во Реал, кога со тимот освои две титули во Лигата на шампионите, титулата во Шпанија и победник на шпанскиот Суперкуп.

Се повлече во 2018 година, велејќи дека на клубот му е потребна промена, но се врати во март 2019 година со тригодишен договор, откако клубот ги смени неговите два населдника Хулиен Лопетефи и Сантијаго Солари. По враќањето ја освои втората титула во Шпанија во сезоната 2019/20 играна во атмосферата на пандемијата на коронавирусот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.