Реал го позајми Ковачиќ на Челзи, Куртоа во обратна насока

Европскиот фудбалски шампион Реал Мадрид го позајмил хрватскиот репреентативец Матео Ковачиќ во лондонски Челзи, на период од една година, соопшти во средата „Кралскиот клуб“.

Реал Мадрид и Челзи постигнале договор за позајмување на Матео Ковачиќ за сезоната што претстаои, до 30-ти јуни 2019 година, наведува во соопштението мадридскиот клуб.

Дваесет и четиригодишниот играч од средниот ред, побарал од Реал да ги ослободи од обврските кон клубот за да може да игра во друга екипа во континуитет во првиот тим. Ковачиќ со Реал има договор на уште три сезони, а треба да се врати во Мадрид следното лето. Челзи за Хрватот ќе биде четвртиот клуб во кариерата, по загрепски Динамо, Интер и Реал.

Истовремено во средата вечерта е соопштено дека од Челзи во Реал преминува белгискиот голман Тибо Куртоа. Тој во четврток во Мадрид треба да потпише шестгодишен договор. Минатиот мессец беше прогласен за најдобар голман на Светското првенство во Русија. Во Реал ќе се бори за местото меѓу стативите со Кејлор Навас.

„Чели и Реал Мадрид вечерва постугнаа договор за преминувањето на Куртоа. Во рамките на комплетирањето на договорот Матео Ковачиќ ќе им се придружи на ‘сините’“, соопшти лондонскиот клуб.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.