Реал (М) без мака во следната рунда од Купот на Шпанија

Како и што се очекуваше, фудбалерите на Реал (М) забележаа уште една сигурна победа од 2:0 но сега во реванш дуелот против Осасуна и на тој начин обезбедија пласман во 1/4 финалната рунда од Купот на Шпанија.

Првиот погодок на натпреварот беше дело на сега веќе најдобриот фудбалер на денешницата, Кристијано Роналдо, а противничката мрежа ја погоди и аргентинскиот интернационалец, Анхел ди Мариа.
Фудбалерите на Атлетик од Билбао ја анулираа негативата од еден гол и успеаа во намерата со два гола разлика да го победат и елининираат секогаш незгодниот тим на Бетис од Севилја.
Резултати: Еспањол – Алкоркон 4:2 – вкупно 4:3, Атлетик Б. – Бетис 2:0 – 2:1, Леванте – Р. Валјекано 1:0 – 1:0, Осасуна – Реал М. 0:2 – 0:4.