Раководните лица на најтрофејниот шпански клуб, Реал (М), потврдија дека аргентинскиот интернационалец, Анхел ди Мариа и во следните шест месеци ќе престојува на „Сантијаго Бернабеу”.
Крилниот напаѓач во последните неколку дена беше во центартот на фудбалското внимание поради срамниот потег кој го направи за време на првенствениот натпревар против екипата на Селта од Виго.
Ди Мариа се фати за своите генеталии и така им одговори на најверните фанови на Реал (М), кои пред да биде заменет го „наградија” со хор од свирежи.
Веднаш по натпреварот најактуелна беше информацијата дека Аргентинецот ќе биде продаден за време на зимскиот преоден рок и тоа на лондонскиот премиерлигаш Челзи, а во обратната насока ќе се упати шпанскиот интернационалец, Хуан Мата.