Реал (М) повторно ќе си поигра за Шалке

Шпанскиот гигант Реал (М) денеска и официјално ќе го завери пласманот во следната 1/4 финална рунда од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Се’ што треба да направат избраниците на Карло Анчелоти на реванш 1/8 финалниот дуел против германскиот бундеслигаш Шалке, што се игра на „Сантијаго Бернабеу“ е да не загубат со шест гола разлика.

„Шалке има многу млад тим и овој дуел може многу да им помогне на моите фудбалери, можат да стекнат едно ново искуство. Мора да одиграме многу подобро во споредба со првиот натпревар одигран во Гелзенкирхен. Мора да бидеме покомпактни, нема место за страв во фудбалскиот свет. Ќе дадеме се од себе, сакаме што е можно подостоинствено да се збогуваме со Лигата на шампиони. Можно е да не ризикувам со фудбалерите кои се жалат на повреда. Шанса ќе добијат помладите фудбалери. Според мене, Баерн (М) и Реал (М) се најдобрите два тима на денешницата“, изјави тренерот на Шалке, Јенс Келер.