Реал (М) се насади на Баерн (М)

Пред неколку минути заврши ждрепката за полуфиналната фаза од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Најтрофејниот шпански клуб, Реал (М) за противник го доби актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн (М), а најпријатното изненадување на европската сцена, тимот на Атлетико (М) ќе биде и повеќе од сериозна пречка за лондонскиот премиерлигаш Челзи.

Првите натпревари се играат на 22 и 23 април во Мадрид, а реванш дуелите во Минхен и Лондон се закажани за 29 и 30 април.