Реал Мадрид ја доби Барселона, за европска титула ќе игра против Олимпијакос

Реал Мадрид го доби евролигашкото „Ел класико“, победувајќи ја Барселона со 73:66 (18:18, 18:24, 22:13, 15:11) во полуфиналето на Евролигата во Каунас, Литванија, за да обезбедат ново финале, каде што против Олимпијакос ќе се обидат да ја освојат својата 11-та европска титула.

„Кралевите“ вака го повторуваат успехот од минатата сезона, кога исто така ја елиминираа Барса во полуфиналето, пред во големото финале да загубат од Анадолу Ефес. Успехот е уште поголем ако се знае дека губеа со 0:2 во четврт-финалната серија со Партизан, пред да победат во два гостински меча и дома да го запечатат билетот за Литванија.

Барселона имаше предност од 44:36 по првото полувреме, но второто полувреме беше во знакот на „кралевите“, кога со помош на ветераните во тимот, стигнаа до клучна предност. Валтер Таварес заврши со 20 поени и 14 скока за Реал Мадрид.