Реал Мадрид до Надал: Горди сме што сте почесен член на нашиот клуб

Шпанскиот фудбалски великан Реал Мадрид му го честиташе големиот успех на Рафаел Надал кој ноќеска го освои трофејот на УС опен.

– Легенда без граници. Честитки за вашата голема победа на УС опен. Реал Мадрид се гордее што сте почесен член на нашиот клуб, стои во честитката од Реал до Надал.

Надал го освои својот 19-ти Грен слем трофеј и четврти на Отвореното првенство на САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.