Реал Мадрид го прегази Реал Сосеидад

Фудбалерите на мадридски Реал се искачија на третото место во шпанското првенство откако со 5:2 (4:0) дома славеа над Реал Сосиедад во 23-то коло на Примера

Се чини дека средбата беше решена уште во 47 секунда кога Луакс Васкез ги доведе мадриѓаните во водство, а за само десет минути, во периодот од 27 до 37 минута, неговите соиграчи уште трипати ја погодија противничката мрежа, и тоа Кистијано Роналдо во 27 и 37-та, а Тони Крос во 34 минута.

Во вториот дел, иако „кралевите“ можеа да остварат уште поубедлив триумф се решија да ги штедат силите за дуелот во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, па гостите преку Баутиста во 74 и Иљараменди во 83 минута успеаја да го ублажат поразот, а Роналдо мечот го заокружи со хет-трик, откако беше прецизен во 80 минута.

Третиот Реал сега има 42 бода, два повеќе од четвртата Валенсија, а 10 помалку со меч помалку од второпласираниот градски ривал Атлетики кој претходно во саботата како гостин со 1:0 ја победи Малага. Единствениот гол на дуелот го постигна Антоан Гризман уште во 39 секунда од дуелот. На врвот е Барселона со 62 бода, а во недела го пречекува Хетафе. Малага, пак, е закотвена на дното од табелата со само 13 бодови.

Во саботата гостински победи остварија и Алавес со 2:1 кај Виљареал и Еибар со 1:0 кај Леганес

Алавес поведе со голот на Ели во 39 минута а го удвои водството во 71-та преку Гомез, додека малку надеж за Виљареал врати Бака во 77 минута. Виљареал остана на петтата позиција со 37 бодови, додека Алавес сега бодовно се оддалечи од зоната на испаѓање, на 16-то место е со 25 бодови, осум повеќе од 18-то место кое води во втората лига а го држи Лас Палмас кој во петокот успеа да откине бод (0:0) на гостувањето во Билбао кај Атлетик кој 13-ти со 28 бодови.

Еибар, пак, ги освои трите бодови со голот на Рамис во четвртата минута од судиското продолжение против Леганес и сега е на високото 6 место со 35 бодови, два повеќе од седмата Севиља која во недела игра со Гирона. Леганес, пак, е 12-ти со 29 бодови и меч помалку

Во недела играат Барселона – Хетафе, Севиља – Гирона, Селта – Еспањол и Валенсија – Леванте, додека колото во понеделник ќе го заокружат Депортиво Ла Коруња и Реал Бетис.