20.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Реал Мадрид ја прифатил понудата од Јувентус за Роналдо

Најверојатно голем земјотрес ќе го стресе фудбалот овие денови, како што јавува италијански Тутоспорт, повикувајќи се на шпанските медиуми, Реал Мадрид ја прифатил понудата на Јувентус за Кристијано Роналдо.

За овој трансфер се пишува веќе неколку дена, а очигледно не станува збор за празни пишувања како што многумина мислеа, туку станува збор за најголем трансфер за ова лето во светскиот фудбал.

Уште утринава весникот Марка, кој важи за близок до Реал Мадрид, објави дека Јувентус е сериозен во обидите да дојде до потписот на Кристијано Роналдо.

Попладнево пак шпанската телевизијата El Chiriguito, објави дека Реал ја прифатил понудата за Роналдо од 100 милиони евра.

Медиумите исто така јавуваат дека Роналдо веќе постигнал договор со Старата дама, каде за четири сезони ќе заработи 120 милиони евра, односно 30 милиони по сезона.

Роналдо уште поодамна побара да замине од Реал Мадрид, а по се изгледа неговата следна дестинација е торински Јувентус.

El Chiringuito TV

@elchiringuitotv

🚨¡¡EXCLUSIVA !! 🚨 El Real Madrid VA A ACEPTAR una OFERTA de la Juve por Cristiano. TODA LA INFORMACIÓN con @jpedrerol a las 3 en @laSextaTV.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.