Реал Мадрид најуспешен во освојувањето на најблескавиот европски трофеј

Шпанскиoт фудбалски гигант мадридски Реал е најуспешниот клуб со 13 европски шампионски титули, а досега трофејот во најелитното континентално натпреварување го освојуваа 22 клубови.

Притоа, „Кралскиот клуб“ уште трипати е поразиван во финалните наптревари во поранешниот Куп а сега Лигата на шампионите.

На второто место е Милан со седум европски титули, а третото место го делат Баерн, Луверпул и Барселона со по пет титули.

ОСВОЈУВАЧИ НА ТИТУЛАТА ЕВРОПСКИ ПРВАК

13 – Реал Мадрид

7 – Милан

5 – Баерн Минхен, Ливерпул, Барселона

4 – Ајакс

3 – Манчестер Јунајтед, Интер

2 – Бенфика, Нотингем Форест, Јувентус, Порто

1 – Селтик Глазгов, Феенорд Ротердам, Астон Вила, Хамбургер СВ, Стеауам, ПСВ Ајндховен, Црвена ѕвезда, Олимпик Марсеј, Борусија Дортмунд и Челзи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.