Реал Мадрид останува највреден фудбалски бренд

Според истражувањето на „Бренд фајнанс“ Реал Мадрид има највреден бренд во светот на фудбалот.

Како се наведува во извештајот на консултантска куќа, поради пандемијата на коронавирусот вредноста на брендот на Реал Мадрид падна за 13.8 проценти и сега таа изнесува 1.42 милијарди евра.

Ова е втора година по ред како Реал Мадрид е највреден бренд во истражувањето на „Бренд фајнанс“.

На второто место се наоѓа лутиот ривал на „кралевите“ Барселона чија вредност е зголемена за 1.4 проценти и сега изнесува 1.41 милијарди евра.

По двата шпански клуба, следат три англиски, Манчестер јунајтед, Ливерпул и Манчестер сити. Листата на 10 највредни фудбалски екипи во светот ја комплетираат Баерн Минхен, ПСЖ, Челси, Тотенхем и Арсенал.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.