Реал Мадрид се откажува од Погба

Високата отштета и цврстиот став на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе придонесат Пол Погба летово да не се пресели во тимот на Реал Мадрид.

Но, на шпанскиот клуб му е очајно потребен играч од средниот ред и, како што тврдат некои медиуми, изборот паднал на Дони ван дер Бек од Ајакс. Холанѓаните бараат 60 милиони евра, Реал нуди 50, прашање е дали ќе успеат да се договорат.

Реал очајно го одигра летниот преоден рок, се повредија неколку важни фудбалери и во екот на трансфер пазарот ќе мора да го дополни својот состав.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.