Реал Мадрид славеше против Елче за враќање на врвот во Примера

Со двата гола на Винисиус Јуниор, екипата на Реал Мадрид ги освои бодовите на гостувањето кај Елче со 1:2.

Домашната екипа од 63. минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Гути.Во финишот на мечот Елче успеа да ја погоди мрежата на Реал со голот на Пере Миља.

Реал им се врати на победите по она реми со Осасуна пред некој ден, а воедно ова е седми триумф на кралскиот клуб сезонава со кој е лидер на табелата. Елче е на 15. место.

Ова е шести триумф на Реал во седмиот меч со Елче. Еден дуел, од декември минатата година заврши нерешено.