Реал минимално го совлада Вајадолид и се осами на врвот

Фудбалерите на Реал Мадрид победија во 21-то коло на Премиер лигата на гости кај Вајадолид со 1:0, и ги преземаа врвот на табелата.

Во натпреварот кој беше сиромашен со зрели прилики за постигнувањето погодок, Реал ја имаше доминацијата но не можеше да ја пробие домашната одбрана. Така беше сѐ до 78 минута, кога нафрлувањето на Тони Крос со удар со глава од пет метри во мрежата го спроведе бекот Начо.

Реал ја продолжи серијата без пораз во шпанското првенство на 12 натпревари и со 46 бодови е сега осамен на врвот на Ла Лига, откако Барселона во саботата беше поразена со 0:2 на гостување кај Валенсија. Вајадолид со 22 бода го зазема 16-то место.