Реал му понудил на Мурињо 14 милиони евра да го одбие Тотенхем

Шпанскиот фудбаклски гигант Реал Мадрид наводно му понудил на португалскиот стратег Жозе Мурињо дури 14 милиони евра само да не ја прифати понудата на Тотенхем да го преземе водењето на лондонскиот тим, пишува британски The Sun.

„Кралскиот клуб“ бил подготвен на Португалецот да му исплати вистинско богатство за да ја одбие понудата од Тотенхем и да дојде на клупата на „Лос Бланкос“ доколку сегашниот тренер Зинедин Зидан добие отказ.

Меѓутоа, Мурињо ги одбил мадриѓаните и ги презема лондонските „Спарси“ убеден дека овој тим има голем потенцијал.

Весникот The Sun тврди дека Мурињо се седмици бил во контакт со Даниел Леви, првиот човек на Тотенхем, и само го чекал отказот на Покетино.

Мурињо за Тотенхем потпиша договор на три и пол години, а на поранешниот тренер на Челзи и Манчестер Јунајтед ова му е третиот клуб во англиската Премиер лига.

Португалскиот стратег беше без тренерски ангажман од декември минатата годинаи кога ги напушти „Црвените ѓаволи“ од Манчестер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.