Реал надигран дома од Леванте, Севилја на бод зад него

Фудбалерите на Леванте го направија изненадувањето во 21-то коло од шпанското првенство совладувајќи го во саботата актуелниот првак Реал Мадрид на неговото игралиште со 1:2

„Кралскиот клуб“ настапи во ослабен состав и без Зинедин Зидан на клупата, а уште во 9 минута остана со играч помалку откако директен црвен картон по преглед на ВАР-от му беше покажан на Едер Милитао.

Меѓутоа Реал и покрај тоа поведе веќе во 13 минута со погодикот на Марко Асенсио. Леванте до израмнувањето дојде во 32 минута преку Хозе Луис Моралес Ногалес, во периодот кога умешно ја користеше бројната предност во полето и од противнапади создавеше опасни ситуации пред противничкиот гол. Во второто полувреме гостите не реализираа во 64 минута пенал досуден со асистенција на ВАР-от поради фаулирање на Винисус над Клерк во шеснаесетникот, ај Тибо Куртоа го одрбани ударот на Рожер Марти. Но најдобриот стрелец на Леванте, ја исправи својата грешка во 78 минута и го постигна победничкиот погодок на стадионот „Алфредо ди Стефано“.

Реал Мадрид и натаму е второпласиран со 40 бодови, седум помалку од водечкиот Атлетико Мадрид кој има и два натпревара помалку. Леванте со овие некалкулирани три бода скокна привремено на деветтото место со 26 бодови од 20 меча.

 

Во последниот натпревар од саботната програма Вилјареал беше домаќин на Реал Сосиедад а мечот заврши со поделба на бодовите со резултат 1:1. Уште во 3 минута Вилјареал поведе преку Дани Парехо и водството го одржуваше цели 90 минути, односно до третата минута од судиското продолжение кога Александер Исак му донесе бод на баскискиот клуб.

За Вилјареал ова беше третиот натпревар во низа, а вкупно 11-ти сезонава, кој завршува без победник, па остана на петтото место со 35 бодови, додека Реал Сосиедад е веднаш зад него со 32 бодови, а и двата тима ги имаат одиграно сите кола.

 

Фудбалерите на Валенсија со погодокот на Данецот Данеил Вас во 22 минута на својата „Местаља“ го победија Елче. Домашните во 34 минута имаа и пенал, но гостинскиот голман Бадиа го одбрани ударот на Карлос Солер.

Валенсија моментално е на 13-то место со 23 бодови, а Елче е претпоследен 19-ти со 17 бодови, два помалку од местата кои гарантираат опстанок во Примера.

 

Во првиот саботен натпревар Севилја со 2:0 славеше на гостувањето кај Еибар. Стрелци за гостите беа Лукас Окампос во 28 минута од пенал и Жоан Жордан во 55 минута.

Севилја моментално е трета на табелата со 39 бодови, два повеќе од Барселона која има меч помалку, а Еибар засега е 15-ти со 20 бодови.

 

Во недела се играат дуелите: Хетафе – Алавес, Кадиз – Атлетико Мадрид, Гранада – Селта Виго, Барселона – Атлетик Билбао и Реал Бетис – Осасуна.