Реал не го искористи киксот на Бареселона

Во големото мадридско дерби кое се одигра во саботата вечерта во рамките од седмото коло од шпанското фудбалско првенство, Реал и Атлетико одиграа без голови.

Атлетко се придржуваше до својата стандардна игра давајќи му простор на противникот кој го има поседот на топката но не создава прилики и одигра одлична транзиција. Реал во вторниот дел напаѓаше во бранови, создаде подобри шанси, но не успеа да поентира.

Така Реал бодовно се израмни со Барселона којашто на претходно одигра дома 1:1 со Атлетик Билбао, и двата клуба имаат по 14 бодови. Трета се Севилја со 13, а четврто Атлетико со 12 бодови.

Шампионот Барселона веќе трет првенствен натпревар не успева да оствари победа, а против Баските избегнаа домашен пораз на шест минути до крајот. Оскар де Маркос во 41 минута го доведе Атлетик во водство, и повеќе од заслужено отакако Инаки Вилијамс не реализираше две одлични шански. Мунир ел-Хадади во 84 минута изедначи по додавањето на Лионел Меси кој во игра влезе во 55 минута.

Атлетико Билбао така освои бод на „Ноу Камп“ првпат по 2004 година, кога ги водеше сегашниот стретег на Барслеона Ернесто Валверде.

Во саботата Гамерио со погодокот во 36 минута ѝ донесе победа на Валенсија од гостувањето кај Реал Сосиедад.

Севилја исто така забележа гостинаска победа од 3:1 кај Еибар. На овој меч сите голови беа постигнати во вториот дел, а два во судиското продолжение кое траеше дури десет минути. Севилја имаше водство од 2:0 со головите на Андре Силва во 47 и Банега во 57 минута од пенал, а потоа ги реши и дилемите во долгото продолжение во четвртата минута, а Жоан Жордан беше стрелц за домашните во деветтата минута од продолжението.

Во петокот Рајо Ваљекано и Еспањол одиграа 2:2.

Во неделната програма се дуелите: Хуеска – Гирона, Вилјареал – Вајадолид, Леванте – Алавес, Берис – Леганес а во понеделник играат Селта Виго – Хетафе.