Реал не успеа да ја мине Барса на врвот

Фудбалерите на мадридски Реал ја испуштија можноста да ја сменат Барселона на врвот на Примера откако во последниот меч во саботата во рамките на 12-то коло на својот „Сантијаго Бернабеу“ одиграа само 0:0 со Бетис.

Реал така не успеа да го искористи поразот на Барселона кај Леванте од 1:3. Сега и Барселона и Реал имаат по 22 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид и Севилја кои меѓу себно одиграа 1:1 во Севилја, каде домашните поведоа со голот на Васкез во 28, а израмни Мората во 60 минута. Бетис, пак, е 14-ти со 13 бодови.

Во саботата попладнето во рамите на 12-то коло од шпанското фудбалско првенство се одиграа два дуела на клубовите од Барселона и Валенсија, во кои подобри и тоа со пресврти беа тимовите од Валенсија.
Барселона поведе на гостувањето кај Леванте со голот на Лионел Меси од пенал во 38 минута. Каталонците во овој период го контролираа мечот но беа многу лежерни кога требаше да се нападне противничкиот гол и да се обезбеди посигурно водство. Тоа им се одмазди во кога во периодот од 61 до 68 минута Леванте од првите три шута кон голот на Тер Штеген постигна три гола. Стрелци беа Кампања во 61, Борха Мајорал во 63 и Радоха 68 минута.

Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди кој одигра деенска солидно еден час, е на осмото место со 17 бодови.

Претходно во Барселона, Валенсија исто така со пресврт го победи со 2:1 домашниот Еспањол. Домашните поведоа преку пенал што го реализираше Марко Рока во 31 минута, а во 69-та исто така од пенал израмни Дан Парехо. Победата на гостите им ја обезнеди Макси Гомез во 80 минута.

Моментално деветтата Валенсија има 17 бодови, додека Еспаљол е претпоследен 19-ти со осум бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.