Реал нема да го менува Зидан, но му постави задача

36

Раководството на Реал Мадрид сè уште има доверба во Зинедин Зидан и не размислува да го отпушти, пренесува „Марка“.

Сепак, газдите на „Сантијаго Бернабеу“ очекуваат дека резултатите на тимот ќе се подобрат во блиска иднина.

Самиот тренер е свесен дека е во тешка состојба. Вечерва Реал Мадрид игра со Галатасарај во Лигата на шампионите и каков било резултат освен победа ќе ги искомплицира шансите на тимот да ја помине групата.

Во шпанското првенство „белите“ беа симнати од врвот на пласманот, откако загубија од Мајорка со 0:1.

Сето ова доведе до гласини дека францускиот стратег добил ултиматум пред отказ, а претседателот на клубот, Флорентино Перез веќе е во преговори со Жозе Мурињо.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.