Реал по вторпат славеше против Партизан, мајсторката во Мадрид

Кошаркарите на Реал Мадрид успеаја да направат втор „брејк“ во Белград против Партизан, откако славеа со 78-85 во четвртфиналето на Евролигата. Со овој резултат, серијата ќе се решава во „мајсторка“ во Мадрид. Партизан не ги искористи двете победи на гостински паркет, па така ќе мора повторно да слави во Шпанија за да избори место на „фајнал-фор“ турнирот.

Најефикасните кошаркари на натпреварот беа од поразениот тим. Зак Ледеј со 25 поени беше прво име кај Партизан, а Папапетру додаде уште осумнаесет. Адам Ханга беше најефикасен кај Реал Мадрид со 15 постигнати поени.

Во решавачкиот дуел Реал Мадрид ќе ја има предноста на домашен терен, за Партизан добра вест е што се враќа Кевин Пантер по одлежаната суспензија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.