Реал подготвил 280 милиони евра за Мбапе

Актуелниот европски фудбалски шампион мадридски Реал веќе подготвил понуда од дури 280 милиони евра за купување на младиот француски напаѓач на Пари Сен Жермен, Килиан Мбапе, тврди спортскиот магазин France Football.

Мбапе, како што пишува реномираниот весник, е најголемата желба на старо-новиот тренер на „Кралевите“, Зинедин Зидан, кој тврди дека би му ги решил сите проблеми во нападот, со кои Реал се соочува по заминувањето на Кристијано Роналдо.

France Football тврди дека преговорите наскоро ќе започнат, како и дека треба да се очекува вистинска „фудбалска сапуница“ во текот на претстојниот летен преоден рок, како и сигурен светски рекорд во цената на фудбалски трансфер, доколку преминувањето навистина се случи.

Реал веќе безуспешно го врбуваше Мбапе 2017 година, но се чини дека Французинот по двете разочарувачки европски сезони на ПСЖ овојпат ќе ја прифати понудат на „кралскиот клуб“.