Реал подобар од Валенсија

Во одложениот дуел од 17-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид ја победи Валенсија со 2:0.

„Кралскиот клуб“ во првиот дел се мачеше против „Лилјците“, но во продолжението од натпреварот заигра многу подобро и сосема заслужено дојде до трите бода.

Реал поведе во 52 минута со одличниот погодок на Марко Асенсио, а само три минути подоцна Винисиус Жиниор ги зголеми на 2:0. И при двата гола асистираше Карим Бензема. Гостите од 72 минута играа без исклучениот Габриел Паулиста кому му беше покажан црвен картон поради груб старт на Виносиус.

Реал со ова победа го намали заостанувањето на пет бодови зад водечката Барселона која има 50 бодови. Валенсија, којашто во последните пет кола освои само еден бод, се наоѓа на 14-то место со 20 бодови, само еден повеќе од зоната на испаѓање.

Реал во недела гостува кај Мајорка, а европскиот шампиони потоа патува во Мароко на Светското клупско првенство. На 8-ми февруари Реал во полуфиналето во Рабат ќе игра против победникот од дуелот меѓу американскиот Сиетл Соундерс и египетскиот првак Ал Ахли.