Реал подобар во „Ел Класико“ за враќање на врвот

Фудбалерите на мадридски Реал се вратија на врвот на табелата во шпанското првенство со 2:0 со победата над својот најголем ривал Барселона со 2:0 во 26-то коло во мечот одигран на „Сантијаго Бернабеу“.

Во натпреварот со малку шанси на двете страни кои ги одбранија двајцата голмани, Реал дојде во водство со среќниот гол на 19-годишниот Бразелец Винисиус Жуниор во 71 минута. Тој беше исфелен на левото крило од Тони Крос, а шутот на бразилскиот напаѓач од работ на петерецот од блокот на Пике заврши зад грбот на Тер Штеген. Конечните 2:0 го постави Маријано Диаз од контранапад во втората минута од судиското продолжение.

Винисиус со овој погодок стана најмладиот фудбалер кој бил стрелец во дуелите на шпанските гиганти, постигнување кое досега му припаѓаше на Лионел Меси.

Реал со оваа победа стаса до 56 бодови, еде помалку сега има второпласираната Барселона.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.