Реал понудил 120 милиони евра и Модриќ за Нејмар

Реал Мадрид му понудил 120 милиони евра но и капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ на францускиот шампион Пари Сен Жермен во замена за бразилскиот напаѓач Нејмар, известува во средата вечерта спортскиот дневен весник Sport чие седиште е во Барселона, повикувајќи се на неименувани извори вклучени во разговорите, а досега никој оваа информација не ја потврди.

„Реал Мадрид, како што успеавме да дознаеме, испратил официјална понуда од 120 милиони евра и трансфер на Модриќ. Позициите би можеле силно да се приближат“, пишува Sport на својата интернет страница. Додава дека Нејмар дава отпор за заминување во Мадрид очекувајќи го потегот на Барселона во која посакува да се врати.

Портпаролот на ПСЖ, Јан Гуерен одбил да одговори на прашањето, а портпаролот на Реал Мадрид не одговорил до обајвувањето на веста.

Лука Модриќ во средата не отатпува со екипата на „Кралевите“ во Салцбург, бидејќи почувствувал физичко преоптоварување на тренингот во вторникот, известија од Реал претходно во средата.

„Имаше помало физичко преоптоварување. Нишно важно. Се спроведува третман и ќе тренира без проблеми“, рекол портпаролот на Реал Мадрид во телефонски разговор со повеќе медиуми пред патувањето. Играчите во вторникот на затворен тренинг, играле вежбајќи посед на топка и пресинг.

Тренерот Зинедин Зидан поведе четири игрчи од средниот ред: Тони Крос, Иско Аларкон, Федерико Валверде и Каземиро кој оваа седмица се врати од годишен одмор по освојувањето на јужноамериканското првенство со Бразил. Модриќ остана во Мадрид и не бил достапен за коментар за медиумите.

„Реал Мадрид го сака Нејмар, тоа е сигурно. Но немат сонанија дека го понудл Модрич“, коментираше Феликс Дијаз, новинар на влијателниот мадридски спортски дневен весник Marca.

Реал Мадрид во недела ќе ја одигра последниот подготвителен натпревар против Рома пред почетокот на првенството на 17-ти август. Преодниот рок трае до 1-ви сепрември.

Бразилскиот напаѓач Нејмар е незадоволен во ПСЖ во кој во 2017 година дојде од Барселона за рекордните 222 милиони евра. Последниет седмици медиумите нагаѓаат за неговата желба и намерата на Барселона да го доведе поради нарушените односи со ПСЖ.

„Знае,е дека таму (во ПСЖ) не се чувствува добро, но тоа е тема која треба да се реши во Париз. Не мораме да разговараме со нив. Потребно е да се почитуваат играчите и клубовите. Нема случај Нејмар, а доколку го има еден ден, ќе разговараме. Во овој момент отфрлена е можноста за негово доаѓање“, изјави во понедленикот потпретседателот на Барселона, Жорди Гадонер во разговорот за каталонската телевизија TV3, одговатрајќи дали стапиле во контакт со 27-годишниот Бразилец.

Нејмар играше за Барселона од 2013 до 2017 година со која во 2015-та ја освои Лигата на шампионите. Во последните две години во Париз не се приближи на овој трофеј.

„Јас би бил пресреќен да дојде, но тој самиот треба да излезе и да се изјасни. Тој е одличен играч, и чекаме вест“, изјави во вторниот Жерар Пике, кој со Барсе е на подготовки во САД. Нејмар не се огласи за својата ситуација.