Реал поразен, но оди натаму во Купот на кралот

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на шпанскиот куп и покрај минималниот пораз од 0:1 од Леганес во средата вечерта на гостински терен во реванш осминафиналниот дуел.

Во средата во  беа одиграни и натпреварите Атлетико Мадрид – Жирона 3:3 (1:1 прв натпревар), Севилја – Атлетик Билбао 0:1 (3:1) и Леганес – Реал Мадрид 1:0 (0:3).

Покрај Реал учество во следната рунда синоќа обезбедија Жирона и Севилја, а претходно место меѓу осумте најдобри изборија Валенсија и Хетафе.

Во четврток играат Реал Сосиедад – Бетис (0:0), Еспањол – Вилјареал (2:2) и Барселона – Леганес (1:2)