Реал повторно на „плус четири“ во однос на Барса

62
, 10 July 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Во натпреварот од 35-то коло на шпанското првенство, фудбалерите на Реал славеа во Мадрид над Алавес со 2:0 и на три кола пред крајот на шампионатот повторно имаат четири бодови предност и подобар меѓусебен скор од вторпласираната Барселона.

Алавес во Мадрид не дојде да се бране, па Хозелу веќе во 3 минута ја погоди пречката, но сепакк Реал повторно поведе преку пенал кој овојпат сигурно го реализираше Карим Бензема во 11 минута. На 2:0 зголеми Марко Асенсио по одлично изведен контранапад во 50 минута, на додавање на Бензема. До крајот на мечот „Кралевите“ умешно го чуваа резултатот кој претставува чекор кон нова титула, прва по 2017 година.

Со осмата последователна победа Реал сега има 80 бодови а Барселојна 76. Алавес е 17-ти со 35 бодови, само три повеќе од зоната на испаѓање.

Фудбалерите на Граната претходно на гостински терен го победија Реал Сосиедад со 3:2 и остна во игра за пласман во Европа. Гранда поведе во 21 минута со голот на Антонио Пуертас, а предноста во 43 минута ја удови Роберто Солдадо. Но Баските успеаја да израмна преку Микел Мерино во 47 и Микел Ојаразабал во 83 минута, а победата на Андалужаните им ја донесе Домингос Дуарте во 88 минута.

Гранада има 50 бодови и е на 9-то место, а ист број бодови има и осмопласираната Валенсија. Бод повеќе има Реал Сосиедад на 7-то место, коешто води во квалификациите за Лига Европа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.