Реал разигран го сочува врвот, Атлетико среќно до победата во Барселона

Во последниот неделен меч од четвртокот коло на шпанското фудналско првенство Реал Мадрид на својот терен со 5:2, ја совлада Селта, додека неговиот градски ривал Атлетико среќно и длабоко во судиското продолжение славеше кај Еспањол.

Селта Виго во Мадрид двапати беше во водство со 1:0 и 2:1, во 4 минута преку Санти Мина и во 31 минута преку Франко Черви. Но Реал го имаше расположениот Карим Бензема кој впиша хет-трик а погодиваше во 24, 46 и 87 минута од пенал, а му се придружија Вини Жуниор со погодок во 54 ио Едуардо Камавинга во 72 минут.

Реал со победата ја предводи тројката на врвот со по 10 бодови во која се и Валенсија и Атлетико Мадрид, а Селта со само еден бод е 18-та, но Хетафе и Алавес кои се без бодови имаат по меч помалку.

Во претходно одиграниот дуел во Барселона, Атлетико Мадрид со пресврто во финишот успеа да забележи победа до 2:1 кај Еспањол.

Еспањол поведе во 40 минута преку Раул де Томас, а во 79 минита за гостите од Мадрид израмни Јаник Караско. Атлетико во неделата го одигра еден од послабите мечеви последните години, домашните тоа го почувствуваа но не успеаја да постигнат и второ водство. На големо негодување на домашните играчи и навивачи, судијата поради две проверки на ВАР-от во второто полувреме го продолжи мечот за дури десет минути, и токму на истекот на продолжението домашната мрежќа ја погоди Томас Лемар.

Атлетико со победата остана во грипата со десет бодови на врвот, кој со по седум бодови но и натпреар помалку го следат Севилја, Барселона и Мајорка, а Еспањол со два бода е 15-ти.

Валенсија за приклучокот на врвот оствари гостинска победа кај Осасуна која прва поведе уште во 8 минута преку Џон Монкајола. Но потао гостите израмнија во 26 минута преку Максимилијано Гомез Гознзалез, во водство дојдоа во 51 минута со автоголот на Аридане Ернандез Умпиерез, а победата ја потврдија Гонсало Гведес во 55 и Омар Алдерете во 73 минута.

Валенсија всушноста ја дели првата позиција со Реал имаат ист број бодови и иста гол-разлика, а Осасусна со пет бодови моментално е деветта.

Гостинска победа од 2:0 оствари и Реал Сосиедад на гостувањето кај Кадиз. Тимот од Сан Себастијан дојде во водство во 71 минута преку Микел Ојарзабал, кој реализираше и пенал во 84 минута по исклучувањето на Кала.

Реал Сосиедад е четврти на табелата со девет бодови, еден пред баскискиот реивал Ателтик Билбао, додека Кадиз има два бода и е 16-ти.

Засега не е познато кога ќе се одиграат одложените дуели Барселона – Севилја и Вилјареал – Алавес, кои требаа да се одиграат во саботата, поради неможноста нивните играчи да се вратат најдоцна 14 часа пред почетокот на мечот од латиноамериканските квалификации за мундијалот во Катар 2022-ра.