Реал рутински, Атлетико потфрли

Во натпреварите од третото коло на шпанското фудбалско првенство во сабота Реал Мадрид го победи Леганес со 4:1, а изненадувањето го направи Селта која со 2:0 беше подобра од освојувачот на Суперкупот на УЕФА, Атлетико Мадрид.

Европскиот шампион Реал рутински стаса до победата против клубот од истоименото мадридско предградие. Пред почетокот на мечот на „Сантијаго Бернабеу“, на играчите на Реал, Карлос Навас кој сега му е резерва на првиот голман Тибо Куртоа, Серхио Рамос и Лука Модриќ им беше приредена мала свеченост по повод наградите коишто претходно седмицава ги добија од УЕФА.

Реал поведе ово 17 минута со голот на Герет Бејл, кој минатата сезона иако не ги одигра сите натпревари и практично влегуваше како резерва во присуство на Кристијано Роналдо сепак беше втор стрелец на тимот. Гостите од Леганес израмнија во 24 минута преку Гвидо Кариљо од пенал и со реми се замина на одмор. Но уште на почетокот на второто полувреме Карим Бензеmа ги доведе „Кралевите“ во ново водство, а пота во 61 минута и зголеми на 3:1, што е веќе четврти негов погодок сезонава, а во 66 минута капитенот Рамос од пенал го постави конечниот резултат.

Во другиот саботен дуел Селта изненадувачки го совлада Атлетико Мадрид со 2:0, што е нејзината прва победа по петте последователни порази во меѓусебните судири. Головите за екипата од Виго ги постигнаа Макси Гомез во 46 и Јаго Аспас во 53 минута. Атлетико во 72 минута остана и со играч помалку, кога беше искличен Стефан Савиќ.

Во петокот беа постигнати следните резултати: Хетафе – Реал Ваљдолид 0:0, Еибар – Реал Сосиедад 2:1, Вилјреал – Жирона 0:1, а мечот Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао е одложен поради бебедносни причини, односно реновирање на стадионот.

Во недела ќе играат: Леванте – Валенсија, Депортиво Алавес – Еспањол, Барселона – Хуеска и Реал Бетис – Севилја.