Реал шампион, Барса поразена дома од Осасуна

Фудбалерите на Реал Мадрид во четвртокот вечерта ја своија 34-та титула, прва по 2017 година, првак на Шпанија откако во претппоследното коло од Примера на домашен терен го совладаа Вилјареал со 2:1.

Коло пред крајот „Кралевите“ имаат седум бодови предност во однос на втората Барселона, која се чини се откажа од ловот на Реал и вечерва на својот „Камп Ноу“ доживеа пораз од 1:2 од Осасуна.

За да ја обезбеди титулата на Реал му беше неопходна победата против Вилјареал. Во 28 минута Лука Модриќ го проигра Карим Бензема кој го доведе домашните во водство. Французинот од пенал во 77 минута зголеми на 2:0, а пред тоа пеналот го изведе Серхио Рамоз кој го проигра Бензема, што е дозволено, но судијата го поништи голот поради прераното втрчување на гостинските играчи во шеснаесетникот. Во 83 минута Ибора го постави конечниот резултат.

Вилјареал на коло пред крајот е петти со 57 бодови без шанси да се квалификува директно во групната фаза од Лигата на шампионите, но ќе се обиде тоа да го стори преку квалификациите доколку во последното коло ја сочува позицијата.

Барселона повторно остави впечаток на некоординираност во играта и разочараност. Храбрите играчи на Осасуна поведоа на „Камп Ноу“ вече во 15 минута преку Арнаиз, Лионел Меси израмни во 62 минуита, но Осасуна и со играч помалку со голот на Торес во четвртата минута од судиското продолжение дојде до голема победа.

Барселона остана на 79 бодови, седум зад Реал. Осасуна, пак, се зацврсти на 11-та позиција со 51 бод, со математички шанси во последното коло да се избори за место кое води во квалификациите на Лига Европа.

Мајорка со домашниот пораз од Гранада со 1:3 му се придружи на Еспањол и следната сезона ќе настапуваат во Сегунда. Во опасност е и Селта, која во Виго е поразена од Леванте 2:3, па им се приближи Леганес кој славеше на гости кај Атлетик во Билбао со 2:0.

На мечот во Виго, македонскиот репрезентативец Енис Барди ги постигна двата водечки голови во 11 и 28 минута, кое Леванте дозволи да бидат анулирани, но сепак на крајот славеше. Барди во јубилејниот 100-ти натпревар во Примера дојде до седум погодоци сезонава за тимот од Валенсија, и со вкупно 19 погодоци во најсилната шпанска лифа стана најдобар странски голгетер во историјата на клубот во Ла Лига, и е трет во историјата на Леванте кога се однесува на шпанската елитна лига. Барди ќе има шанси своите квалитети да ги искаже и следната сезона во Примера, бидејќи Леванте е безбеден на 12-та позиција со 46 бодови.

Во првиот натпревар од ова коло, Еибар на своето игралиште го совлаа Вајадолид со 3:1.

Вигас погоди со глава во 21 минута за водство на домашните, а на 2:0 зголеми Инуи во 28 минута по големата грешка на гостинскиот халф Феде кој згреши во обидат да ја врати топката кај својот голман. Вајадолид ја намали предноста на Еибар во 71 минтуа, кога голманот Јоел прво му го одбрани пеналот на Гвардиола, но изведувачот прв стаса до одбиената топка и од вториот обид ја погоди мрежата. Конечните 3:1 ги постави Де Бласис со прецизен удар од „белата точка“ во втората минута од судиското продолжение.

Еибар со победата дојде до 42 бода и привремено е на 13 место, додека Вајадолид со 39 бодови е 15-ти.