Реал со победа на врвот на Ла Лига

Фудбалерите на Реал Мадирд ја победија Осасуна со 2:0 во мечот од шестото коло на шпанското првенство во средата вечерта на нивниот стадион „Сантијаго Бернабеу“, и со 14 бодови се на врвот од табелата, со бод повеќе од градскиот ривал Атлетико Мадрид кој исто така со 2:0 славеше кај Мајорка.

На Реал четвртата победа сезонава му ја донесоа бразилските тинејџери. Деветнаесетгодишниот Жуниор Вициус погоди во 36 минута за водство, а осумнаестгодишниот Родриго кој го замени сонародникот во 71 минута, го постигна својот премиерен погодок за „Кралевите“ во првиот допур со топката. Српскиот интернационалец Лука Јовиќ постигна уште еден гол за Реал, но ВАР-от го поништи поради тоа што за должина на стапалото беше во офсајд

За победата на Атлетико кај Мајорка стрелци беа Диего Коста во 26 и Поругалецот Жоао Феликс во 64 минута.

Атлетик Билбао одигра само 1:1 кај Леганес и остана на третот место со 12 бодови, зад двата мадридски клуба кои го минаа. Гостите поведоа преку пеналот на Раул Гарсија во 59 минута, но домашните изрманија по само две минути со голот на Оскар.

Најефикасниот меч го одграа Валенсија и Хетафе. „Лилјаците“ на својата „Местаља“ водеа со 3:1, но госите со два гола во интервал од три минути дојдоа до бод. Во судиското продолжение Хетафе постигна и погодок за победа, но ВАР-от пресуди дека на голот му претходела офсајт ситуација.

Резултати:

Леганес – Атлетик Б 1:1
Мајорка – Атлетико М 0.2
Валенсија – Хетафе 3:3
Реал М – Осасуна

Во вторник:

Барселона – Вињареал 2:1
Бетис – Леванте 3:1
Вајадолид – Гранада 1:1

Во четврток играат Еибар – Севилја, Селта Виго – Еспањол и Реал Сосеидад – Алавес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.