Реал со пресврт до победа во дербито со Севилја, Атлетико скокна на втората позиција

Во последниот неделен дуел дербито на 15-то коло од шпанското фудбалско првенство, Реал Мадрид на својот терен со пресврт славеше со 2:1 над Севилја, зацвртсувајќи се на врвот на Примера.

Севилја поведе во 12 минута со голот на Рафа Мир кој гаѓаше прецизно со глава по нафрлувањето на Маркос Акуња од корнер. Само две минути подоцна Мир катастрофалната грешка на Карвахал имаше две одлични шанси да го удвои водството на гостите, но не успеа да го совлада Тибо Куртоа.

Многу блиску до погодок Севилја беше и во 30 минута кога Луакс Окампс одлучно шутираше, но ја погоди стативата. Казната за промашувањата стаса во 32 минута, кога Едер Милитао шутираше од повеќе од 25 метри, гостинскиот голман Јасин Буну не реагираше најдобро одбивајќи ја топката во стативата, која Карим Бензема ја смести во мрежата.

Во продолжението на мечот немаше особени возбудување до 70 минута кога Реал изведе брза контра, но Винисиус Жуниор во ситуација „два на еден“ лошо шутираше иако можеше да го проигра Бензема. Сепак, во 87 минута Жуниор не згреши и со фантастичен удар од 20-ина метри го погоди самиот горен спротивен агол за победа на „Кралевите“. Бензема и Винисиус заедно оваа сезона постигнаа вкупни 27 голови со 15 асистенции во сите натпреварувања.

Во последните моменти од натпреварот Севилја беше на чекор од израмнување, но Куртоа одлично реагираше на шутот со глава на Томас Делејни.

Реал сега е прв со 33 бодови има четири бодови разлика пред второпласираниот и третопласираниот тим, додека Севилја падна на четвртата позиција со 28 бодови.

Атлетико Мадрид со гостинската победа од 4:1 се искачи на второто место. Повратникот во Примера се држеше добро против актуелниот шампион во првите 45 минути, но во продолжението „Јорганџиите“ го отстранија сите дилеми.

Гостите поведоа со 3:0 со головите на Томас Лемар во 56, Антоан Гризман во 70 и Анхел Кореа во 76 минута. Антони Лозан намали во 86 минута, но во 88-та Матеус Куња реализираше за конечните 4:1.

Атлетико со 29 бодови е на делбата на втората позиција со Реал Соседад, а Кадиз остана на 12 бодови со кои е на 17-то место, само бод од зоната на испаѓање.

Реал Бетис со хет-трикот на Хуанми на свој терен направи пресврт во вториот дел и дојде до победа против Леванте.

Гостите поведоа преку Шкодран Мустафи веќе во 7 минута, а во вториот дел следеше Шоуто на Хуанми кој беше прецизен во 54, 63 и 78 минута.

Реал Бетис ја задржа петтата позицја на табелата со 27 бодови, а Леванте остана закован на дното 20-ти е со само седум бодови и без ниедна победа.

Еспањол со голот на Јангел Херера во 77 минута во Барселона го совлада Реал Сосиедад кој сега падна на четвртата позција со 29 бодови. Еспањол кој е повратник во Примера со 20 бодови е на деветтото место.