Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед во Торино ќе се соочат во шееснасетфиналето од ЛШ

Шпанските власти не попуштија,Реал Сосиедад и Манчестер Јунајтед ќе играатво Италија,поточно во Торино.

Стадионот на Јувентус ќе биде местото каде што двете екипи ќе ги одмерат силите на 18-ти февруари во 18,55 часот. Баскискиот клуб ќе ја има улогата на домаќин.

Причината што Јунајтед не може да гостува во Шпанија се строгите правила оваа земја како и во уште неколку кои важат за поединци од Велика Британија. Реваншот од овој натпревар се игра седум дена подоцна на „Олд Трафорд“.