Реал Сосиедад подобар од фенерџијата Еибар

Во последниот натпревар од 32-то коло на шпанското фудбалско првенство, Реал Сосиедад со 1:0 победи на гостувањето кај Еибар.

Решавачкиот погодок за баскискиот тим го постигна Алексадер Исак во 26 минута

Реал Сосиедад ја задржа петтата позиција на табелата со 53 бодови, позиција која води директно во Лига Европа, а го загрозуваат Реал Бетис со 50 бодови и Вилјареал со 49 бодови кој се бори за овие две позиции. Еибар е поледен 20-ти со 23 бодови, седум помалку од позициите кои обезбедуваат опстанок.

На врвот на Примера е Атлетик Мадрид со 73 бодови, а го следата Реал Мадрид со 71 бод колку што има и третопласираната Барселона но која оваа седмица ќе го игра својот заостанат натпревар со Гранада, па може да избие дури и на челната позиција. Четврта е Севилја со 70 бодови од 33 кола.