Реал Сосиедад се проби на четвтото место во Примера

Во заостанатиот натпревар од шпанското фудбалско првенство одигран во вторникот, Реал Сосиедад на гости славеше против Еибар со 2:1 и се проби на четвртото место на табелата.

Баскискиот тим дојде до победата со головите на Микел Ојарзабал во 16 минута од пенал и Вилијан Хозе во 75 минута, додека стрелец за домашните беше Карлес во 90 минута од пенал. Еибар имаше можност да израмни во 29 минута, но тогаш досудениот удар од белата точка не го резлизираше Орелана.

Реал Сосиедад сега е на последната позиција која води во Лигата на шампионите следната сезона, четврти е со 46 бодови, колку што има и петтиот Хетафе. Со бод повеќе третопласирана е Севилја, а со бод помалку од Баските шести е Атлетико Мадрид.

Еибар, пак, остана 16-ти со 27 бодови, четири повеќе од зоната на испаѓање. На табелата води Барселона со 58 бодови, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид.