Реал совладан од претпоследниот Рајо Ваљекано

Во последниот меч од 35-то коло од шпанскот фудбалско првенство Реал Мадрид во неделата на гости кај претпоследниот Рајо Ваљекано агуби со 0:1.

Стрелец на победоносниот гол за Рајо беше Адри Ембарба во 23 минута од пенал. Рајо остана на 19-та позиција со 31 бод, четири помалку на три кола пред крајот на првенството од 18-от Реал Вајадолид на место кое гарантира опстанок во Примера. Реал Мадрид ја заокружува слабата сезона без речиси ниеден трофеј, трет е со 65 бодови, дури 18 помалку од водечката Барселона а девет од вторпласираниот градски ривал Атлетико. Хетафе со десет бода помалку, односно 55, е на четвртото место, последното кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Фудбалерита на Жирона со голот на Порту во 62 минута дојдоа до важна бпобеда пред своите навивачи против Севилја од 1:0, и така на три кола пред крајот побегнаа од зоната на испаѓање и сега се 17-ти со 37 бодови, шест повеќе од местата кои водат во Сегунда. Севилја, пак, остана на петтото место со 55 бодови и пропуишти можност да го мине Хетафе во борбата за пласман во Лигата на шампионите, а до крајот ќе мора и да го одбрани пласманот во Европската лига од Валенсија која ја следи со три бода помалку а можеби и од Атлетико Билбао кој има пет бода помалку.

Еибар славеше со 1:0 на гостувањето кај Валенсија со голот на Шарлес во третата минута од судиското продолжување, Еибар така стана само вториот тим кој оваа сезона во Примера успеа да ја совлада Валенсија на нејзината „Местаља“, претходно тоа го стори Жирона во ноември минатата година. Еибар сега има 43 бодови и е 10-ти, а Валенсија е шеста и испушти можноста бодовно да се израмни со петтата Севилја и четвртиот Хетафе и уште од ова коло да биде голем конкурент во битката за последното место кое води во Лигата на шампионите.

Реал Сосиедад со 2:1 го победи Хетафе. Стрелци за домашните беа Вилијан Хозе од пенал во 21 и Ојараразабал во 53 минута, а за гостите погоди Сами Сајз во 89 минута. Реал Сосиедад е 9-ти со 44 бодови, а Хетафе како и неговите конкуренти за четвртото место на табелата во неделата претрпи пораз.

Вилјареал и Хуеска ги поделија бодовите со по еден погодок. За домашните стрелец беше Пабло Форналс во 30 а за гостите Езекуел Авила во 78 минута. Вилјареал е 14-ти со 40 бодови, а за Хуеска ова е бод на надеж дека во последните три кола може да се спаси од испаѓање, сѐ упште е последна на табелата сега со 30 бодови, пет помалку од 18-то место на Вајадолид кое обезбедува нова сезона во Ла Лига.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.