Реал стаса до рекордната четврта титула светски првак

Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија рекордната четврта титула светски клупски првак, откако во саботното финале во Абу Даби го совладаа домашниот Ал-Аин со 4:1.

Реал поведе во 14 минута со голот на Лука Модриќ, кој до 18 метри со левата нога биеше во десниот долен агол на противничкиот гол. На 2:0 зголеми Маркос Љоренте во 60 минута, откако одбиената топка од работ на шеснаесетникот со волеј ја закова во мрежата на Ал-Аин. Во 79 минута по изведениот корнер од Модриќ, Серхио Рамос со глава погоди за 3:0.

Екипата од Обединетите Арапски Емирати сепак успеа да дојде до утешниот погодок, а стрелец во 86 минута беше Јапонецот Тсукаса Шиотани, а за конечните 4:1 за мадридските „Кралеви“ заслужен беше Египќанецот Јахиа Надер го во првата минута од судиското продолжение постигна автогол.

Пред финалниот беше одигран дуелот за третото место во кој фудбалерите на аргентинскиот клуб Ривер Плејт ја совладаа јапонска Кашима со 4:0, чии фудбалери немаа ни малку среќа, не реализираа две колосални шанси при резултат 0:1, а и трипати ја погодија стативата. За јужноамериканскиот шампион стрелци беа Бруно Закулини во 34, Гонзало Мартинез во 73 и во третата минута од судиското продолжение, и Рафаел Бора во 89 минута од пенал.