Реал уште еден чекор кон титулата

Во последниот меч во 36-то коло на шпанското фудбалско првенство Реал Мадрид на гостувањето ја победи Граната со 2:1 и на две кола пред крајот на првенството има четири бодови повеќе од Барселона.

„Кралскиот клуб“ за три дена во Мадрид ќе има можност со победа над Вилјареал да ја обезбеди 34-та тутула шампион на Шпанија.

Реал против Гранада покажа две лица, одлучни во првото и многу слабо во второто полувреме, но и тоа беше доволно за трите бода. Госите од Мадрид поведоа уште во 10 минута со голот на Ферланд Менди, а веќе шест минути подоцна беше 2:0 благодарејќи на прецизноста на Карим Бензема кој во 42 минута беше спречен за втор погодок од Руи Силва.

И тоа беше сѐ од Реал на мечот, а Гранада веќе во 50 минтуа пеки Дарвин Мачис намали на 1:2 и до крајот на натпреварот настојуваше да израмни. Најголемата шанса ја имаше во самиот финиш кога во ист напад Кортез и Азеез опасно се заканија. При првиот шут одлично одбрани Курота, а при вториот Рамос ја симна топката од гол-линијата.

Реал дојде до 83 бодови, а го следи Барселона со 79 бодови. Гранада е безбедна 10-та со 50 бодови.

Во претходно одиграниот натпревар Реал Сосиедад освои важни бодови во борбата за европските натпреварувања на гостувањето кај Вилјареал.

Најинтересните моменти се случија во последните 30 минути од дуелот. Гостите поведоа со 2:0 со головите на Вилијан Хозе во 61 и Диего Љоренте во 75 минута, а Санти Казорла намали во 85 минута.

Реал Сосиедад со оваа победа му се приближио на шестопласираниот Хетафе на само бод разлика, а од петтиот Вилјареал има три бода помалку.

Алавес и Хетафе истовремено одиграа без голови. Алавес е на последното 17-то место кое гарантира опстанок со 36 бодови, четири повеќе од опасната зона, а Хетафе е шести со 54 бодови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.