Реал во вториот дел го скрши отпорот на Гранада

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа на домашпен терен против Гранада со 2:0 во мечот од 15-то коло на шпанското првенство, и го задржаа чекорот со градскиот ривал Атлетико, но остана без тешко повредениот напаѓач Родриго.

Петтата првенствена победа по ред на мадридските „Кралеви“ ја донесоа Касемиро во 57 минута кога нафрлувањето од Марко Асенсио од левата страна со глава го претвори во погодик, и Карим Бензема кој беше стрелец по соло-продор во четвртата минута од судиското продолжение на натпреварот.

Гранада го намачи Реал, особено во второто полувреме, кога нејзините напаѓачи не реализираа неколку убави шанси за погодок.

Со десеттата победа во првенстото Реал стаса до 32 бода и го дели првото место со Атлетико кој има два натпревара помалку. Гранада, пак, е седма со 21 бод.

Претходно Хетафе и Селта одиграа без победник. Домашните поведоа во 7 минута преку Дамиан Суарез, а гостите израмнија десет минути подоцна кога пенал реализираше Иакго Аспас. Хетафе е 12-ти со 17 бодови, а Селта е осма на табелата со 20 бодови.

Реал Бетис со голот на Гвидо Родригез во 71 минута на свој терен го солвада Кадиз. Бетис сега дојде до деветтото место со 19 бодови, минувајќи го на табелата Кадиз кој остана на 18 бодови а падна на 11-то место.

Алавес во првото полувреме со пресврт дојде до домашна победа над Еибар во последниот меч од колото. Гостите поведоа уште во 4 минута со голот на Педро Леон, но во финишот на првиот дел прво израмни во 41 минута Едгар Мендез, а потоа водството го донесе Деиверсон во втората минута од судиското продолжение.

Алавсе со новите три бода дојде до 17 и успеа да се оддалечи привремено од зоната на испаѓање, на 13-то место е, а Еибар одстана на 15 бодови со кои е на 17-то место, бод над местата кои водат во Сегунда.