Ребалансот на буџетот следната недела на владина седница

Следната недела на владина седница се очекува да помине ребалансот на Буџетот, а во него ќе има вградено и мерки за да се стимулира севкупното покачување на платите во државата, брифираат извори од СДСМ.

Според нив, една од мерките ќе биде државата да ги покрива придонесите за здравствено и пензиско осигурување, доколку работодавачот ја зголеми платата на работниците во нето износ од 25 отсто од просечната плата. Оваа мерка ќе почне да се применува од октомври годинава, а со неа, сметаат од СДСМ, ќе се оди кон исполнување на ветените таргети од 16 илјади минимална плата и 30 илјади просечна плата.

Дел од мерките, како што брифираат од СДСМ, ќе бидат насочени и кон младите со цел тие да не ја напуштаат сопствената држава.

Од СДСМ брифираат дека финансиската состојба и ликвидноста на државата е одлична, а позитивни се и досегашните резултати на проектот „Мој ДДВ“. Со одлично темпо се реализираат и капитаните инвестиции.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.