Рецепт: Ролат од малини

Подгответе вкусен, освежителен десерт со малини. Освен со малини овој ролат можете да го подготвите и со јагоди или со некое друго шумско овошје…

Состојки:

  • 4 јајца
  • 200 грама шеќер
  • 70 грама брашно
  • 40 грама густин
  • 3 кесички желатин
  • 300 грама смрзнати малини
  • 300 грама сирење
  • 200 мл слатка павлака
  • Лажица сок од лимон

Подготовка:

  1. Загрејте ја рерн ата на 200 степени Целзиусови. Разделете ги жолчките од белките. Изматете ги жолчките со 4 лажици врела вода и 70 грама шеќер. Изматете ги белките и 30 грама шеќер, па измешајте ги со жолчките. Додадете брашно и густин. Разлејте го на плех со хартија за печење и печете 15 минути.
  2. Ставете го пандишпанот на чиста крпа и росејте со шеќер, па одлепете ја хартијата. Завиткајте го во ролат.
  3. Подгответе го желатинот. Малините испасирајте ги. Измешајте го сирењето, половина пире од малини и 100 грама шеќер. Изматете ја павлаката.
  4. Загрејте го сокот од лимон, растопете 2 кесички желатин и во тоа измешајте во крем сирењето, заедно со павлаката.
  5. Премачкајте ја кората со кремот и повторно завиткајте ја во ролат. Премачкајте го ролатот со остатокот од пирето измешано со желатинот подготвен според упатството на кесичката.