Рецепт за тирамису на Софија Лорен

1581

Тирамису е италијански десерт, а во книгата „Рецепти и Мемоари“, славната актерка Софија Лорен дала и рецепт за овој десерт.

СОСТОЈКИ:

    • 180 гр маскарпоне сирење
    • 80 гр црно чоколадо
    • 3 јајца
    • 5 лажици шеќер
    • 40 пишкоти
    • 250 мл инстант кафе
    • 250 мл ликер од портокал
    • 60 гр какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Разматете жолчки со шеќер, а во посебен сад измиксајте белки додека не добиете цврста смеса.
  • Во смесата од жолчки додајте маскарпоне сирење, а потоа додајте снег од белки и добро измешајте. 20 пишкоти наредете ги и навлажнете ги со ликер и кафе.
  • Преку ставете ја смесата со маскарпоне сирење и нарендајте чоколадо. Постапката повторете ја додека не го потрошите материјалот и на крај додајте какао.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.