Рецесијата нема самата посебе да ја запре инфлацијата во еврозоната, предупредува ECB

Еврозоната поради засилените ризици би можела годинава да влезе во рецесија, но таа самата посебе нема да ја заузда инфлацијата, предупреди функционерот на Европската централна банка (ECB), Луис де Гвиндос, истакнувајќи дека банката мора да истрае во построгата монетарна политика.

Високите трошоци за енергијата и прекинот на испораките на рускиот гас го притиснаа економскиот раст, зголемувајќи го ризикот од рационализирање на потрошувачката на енергијата. Високите сметки финансиски ги погаѓаат домаќинствата и компаниите кои ја намалуваат потрошувачката.

„Пазарите веруваат дека забавувањето на економијата самото посебе ќе ја намали инфлацијата. Тоа, всушност…., не е точно. И монетарната политика мора да ја одигра својата политика“, истакна на прес-конференција во средата во Германија, Гвиндос, потпретседател на ECB.

Најновите економски податоци укажуваат на значително забавување на економијата и претежнувањето на ризиците кои би значеле послаби изгледи за економијата оваа зима од стагнацијата којашто ECB во моментов ја прогнозира, предупредува де Гвиндос.

Истакнува и дека инфлацијата во моментов е „многу, многу“ висока и дека се заканува опасноста дека може подолго време да се задржи на непријатно високи нивоа, доколку се оддолжи војната во Украина.

Од ECB ветија дека ќе продолжат да ги подигнуваат клучните каматни стапки на следните седници, а пазарите очекуваат дека каматната стапка на прекуноќните депозити на банките до пролета може да се качи од сегашните 0,75 отсто на повеќе од 2,5 отсто.

Годишната инфлација на потрошувачките цени на нивото на целата еврозона во август достигна рекордни 9,1 отсто, според неодамнешните процени на европската статистичка агенција Eurostat.

На седницата на почетокот од септември ECB повторно ја подигна проекцијата за инфлацијата за оваа година, од 6,8 на 8,1 отсто. Позначително ја подигна и процената за инфлацијата за следната година, од 3,5 на 5,5 отсто.

Дури во 2024 година, инфлацијата во еврозоната би требало да се спушти на 2,3 отсто, според септемвриските проекции на ECB, што би значело дека се приближила до нивото коешто го цели ECB, од 2 отсто во среднорочна перспектива.

„На следните неколку состаноци Управниот совет очекува натамошно зголемување на каматните стапки за да се придуши побарувачката и да се направи заштита од ризикот од трајно зголемување на инфлациските очекувања“, објави ECB по седницата од -ми септември.